18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕксперти: потребна е темелна реформа на трудовото законодавство

Експерти: потребна е темелна реформа на трудовото законодавство

Низа недоречености и контрадикторности – законите кои ги регулираат работните односи не се добри ниту за работниците ниту за компаниите. Експертите од трудовото право целат дека е потребна темелна реформа на целата регулатива и нејзино прилагодување со европските директиви.

„Каков е правниот режим за заштита на вработените кои склучуваат договори на определено време, какви се дефинициите за дежурства, за приправност, готовност, какви се одредбите за годишните одмори, за заштита од отказ на вработените. Има повеќе сегменти во кои има простор за унапредување“, изјави професорот Александар Ристовски.

„Нов закон и тоа како е потребен, може требаше да се донесе вчера, а не денес“, изјави професорот Тодор Каламатиев.

Бизнисмените бараат поголема флексибилност – велат дека новото време бара и нови односи меѓу работниците и работодавачите.

Сигурноста не треба да се гледа како да се задржат работниците со сила на работните места. Никој не може да спречи банкрот или стечај, туку сигурноста да се обезбеди преку брза квалификација, активно посредување на АВРМ и брзо вработување на тие луѓе”, вели Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи.

Бизнисмените во моментов се соочуваат и со друг проблем – власта им наложи да исплаќаат поголем минималец што треба да поттикне зголемување и на вкупните примања на работниците но се уште не се донесени законските измени кои треба да обезбедат субвенции.

„Основно економско правило, тоа се учи во прва година на економските факултети, е дека зголемувањето на минималната плата влијае на порастот на стапката на невработеноста. Во услови кога се уште немаме здраво подобрување на вработеноста малку е дискутабилна мерката за покачување на платите… Тоа е основна лекција“, вели универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

Владата наложи минималната плата на ниво на Македонија од 1 декември да биде поголема за 16% и да изнесува 14.500 денари.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП