9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска воведува нов данок за големите маркети

Полска воведува нов данок за големите маркети

Полска планира да воведе нов данок за големите продавници за малопродажба, кој нема да ги оданочува нивните приходите, туку непријатноста која овие продавници им ја предизвикуваат на градовите, изјави полската министерка за технологија и претпријатија Јадвига Емилевиц.

Тој данок може да се наплати поради зголемениот сообраќај генериран од големите продавници и потребната инвестиција за патиштата, изјави Емилевиц вчера за Radio ZET.

Претходниот обид на Полска да ја оданочи трговијата на мало, преку даноци на доход со прогресивна даночна стапка, беше прекинат веднаш по неговото воведување во 2016 година откако Европската комисија изрази сомнежи во согласност со тој данок со регулативите на Европската Унија.

Европскиот суд на правдата потврди дека данокот на доход е во согласност со регулативите на ЕУ. Европската комисија ја обжали одлуката.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП