26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Словенија падна на рекордни 4,2 проценти

Невработеноста во Словенија падна на рекордни 4,2 проценти

Стапката на невработеност во Словенија во вториот квартал од оваа година е намалена на 4,2 проценти, што е втора најниска стапка на невработеност откако се собираат официјални податоци во таа земја, објави агенцијата Anadolu.

Словенечката агенција за статистика соопшти дека условите на пазарот на трудот во вториот квартал на 2019 година биле слични на оние во третиот квартал од 2008 година.

Бројот на вработени (991.000) и бројот на невработени (43.000) е скоро ист како и пред 11 години.

Стапката на невработеност во второто тримесечје од оваа година е 4,2 проценти, што претставува намалување од 0,6 проценти во однос на претходниот квартал, додека е намалено за дури 1 процент во однос на истиот период од минатата година.

Според податоците на Агенцијата за статистика на Словенија, најниската стапка на невработеност досега забележана во таа земја е регистрирана во третиот квартал на 2008 година, кога изнесуваше рекордни 4,1 проценти.

Стапката на невработеност во Словенија во 2016 година изнесуваше 8,1 процент, по што е забележан постојан пад на оваа стапка до 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП