11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda Fabia помина еден милион километри!

Škoda Fabia помина еден милион километри!

slika 1

Škoda Fabia 1.9 TDI со 74 kW (101 КС), која била произведена во 2000 година, помина еден милион километри! Нејзиниот сопственик, Германецот Петар Кирхоф, прецизно и долго време го планирал овој момент: тој ја донесе својата Fabia до музејот на компанијата во Млада Болеслав. Со голема прецизност, километражата ја прикажа бројката до  999.999 километри. На историското место, Кирхоф беше поздравен од пратениците на брендот ŠKODA и од ентузијасти кои го подржуваа и придружуваа на неговото патување.

“Како и Петар Кирхоф и ние сме многу среќни поради ова големо достигнување. Во исто време горди сме поради тоа што тој поминал толку многу километри токму со возило од брендот Škoda. Никој не може да посака поцврст доказ за квалитетот и сигурноста на нашите автомобили “, изјави д-р Мартин Хрдличка, претставник од техничкиот оддел за развој во Škoda Auto.

Во тоа време, Мартин работел на создавањето на првата генерација од моделот Fabia.

slika 2

“Дури и за време на претставувањето на автомобилскиот саем во Франкфурт во 1999 година, Fabia предизвика возбуда и интерес. Истата година, ние ја освоивме  наградата „Златен волан” со тој модел. За нас, тоа беше потврда дека Fabia ќе го следи ритамот на времето кое доаѓа.” изјави тој.

Добрите критики во печатот, прифатливата основна цена од 18.798 германски марки во тоа време, наградата “најдобра во класата според рејтингот на осигурувањето” беа најважните причнии Петер да се одлучи за Škoda Fabia. На 3 јули 2000 година, тој го добил клучот од неговата сребрена Škoda Fabia.

“Кога ја земав, на километражата пишуваше единаесет километри. Од тогаш до сега, заклучив дека секој цент потрошен за овој автомобил се исплати. Во тоа време, не ни сонував дека ќе поминам еден милион километри” се потсетува Петар Кирхоф.

slika 3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП