18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСанкциите на Путин за Западот го чинат секој Русин 70 долари годишно

Санкциите на Путин за Западот го чинат секој Русин 70 долари годишно

Ембаргото за увоз на храна ги погодува потрошувачите во Русија во вредност од скоро 10 милијарди долари годишно.

Руските реципрочни санкции против увозот на храна од Западот ги чинат нејзините граѓани 70 долари по глава на жител на годишно ниво поради последователниот пораст на цените на тие стоки, покажа најновото истражување на кое се повика порталот Moscow Times.

Истражувањето покажа дека купувачите во Русија плаќаат повисоки цени за храна, особено за риба, месо, сирење и зеленчук, како и дека растот на цените далеку надминува било какви придобивки од таа програма за санкции.

Економистите ги анализираа навиките на потрошувачите и цените на храната и заклучија дека во 2013 година руските потрошувачи изгубиле 445 милијарди рубли на цените за стоките опфатени со руските реципрочни санкции.

Кога тие суми ќе се прилагодат на денешните цени, загубата изнесува 632 милијарди рубли годишно (9,9 милијарди долари), или речиси 4.400 рубли (69 долари) по глава на жител.

Истражувањето го спроведе тим од Центарот за економски и финансиски истражувања (CEFIR) и Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација (RANPEA), а е објавено во весникот Kommersant.

Претседателот Путин воведе контра-санкции кон Западот како одговор на ЕУ и САД поради санкциите против Русија по анексијата на Крим. Од 2014 година, руската влада спроведува политика за субвенционирање како би изградила домашно земјоделско производство во земјата и да стане самостојна во производството на месо, млеко, сирење, овошје и зеленчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП