25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската централна банка ќе лансира дигитална валута наречена “DCEP”

Кинеската централна банка ќе лансира дигитална валута наречена “DCEP”

Хуанг Кифан, извршен потпретседател на Кинескиот центар за меѓународна економска размена, потврди дека Народната банка на Кина планира да воведе своја дигитална валута, која ќе се вика “DCEP” (електронско плаќање со дигитална валута).

China Finance 40 Forum (CF40), организација која се фокусира на истражување на финансиската политика и академската размена, објави видео кое содржи извадоци од говорот на Кифан за време на инаугуративниот самит во Бунд, кој се одржува од 27 до 29 октомври.

Кифан открива дека Кина работи на проектот околу пет или шест години. По лансирањето на монетата DCEP, PBoC ќе стане првата централна банка во светот која издала сопствена криптовалута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП