3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави растот на кредитните активности на банките во Еврозоната

Забави растот на кредитните активности на банките во Еврозоната

Растот на банкарските кредити на компаниите во Еврозоната потона во септември.

Овие податоци укажуваат на тоа дека економското забавување на блокот на крајот се прелеа на кредитната активност по периодот на неверојатната отпорност, покажуваат денес податоците од Европската централна банка (ECB).

Растот на кредитирање на компаниите се намали на 3,7 проценти минатиот месец од 4,3 проценти во август, што е најбавната стапка од јануари оваа година.

Стапката на кредитирање на населението истовремено во септември остана стабилна на 3,4 проценти, објави Reuters.

Со надеж дека ќе успее да спречи долгорочен економски пад, ECB минатиот месец одобри нова рунда финансиски стимулации, која е делумно насочена кон банките, како би продолжиле со одобрување на кредити во реалната економија, дури и ако долгоочекуваното закрепнување не успее да се оствари, соопшти британската агенција.

Годишната стапка на раст на паричната маса M3, која често служи како индикатор за идна активност, се намали на 5,5 проценти во септември од 5,8 проценти во август, потфрлувајќи во однос на очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа раст од 5,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП