29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците го погребаа Ал Багдади во море, на ист начин како Бин...

Американците го погребаа Ал Багдади во море, на ист начин како Бин Ладен

Телото на Ал Багдади беше погребано во море, како што беше случај и со убиството на лидерот на Ал-Каеда, Осама бин Ладен, јави BBC.

Началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили, изјави дека САД имаат видео-материјал и фотографии од Ал Багдади, водачот на Исламската држава, убиен во воена операција во Сирија.

„Сепак, ние нема да ги објавиме во овој момент“, рече Мили.

Мили, исто така рече дека две лица се уапсени во воената операција во која загина Ал Багдади и се задржани на сигурна локација во американски притвор.

САД сакаа да избегнат гробот на Ал Багдади да биде на копно, за да не стане светилиште за приврзаниците на Исламска држава.

Во исто време, неименуван службеник на Стејт департментот рече дека по атентатот врз Ал Багдади, бил ликвидиран и друг човек на Исламска држава, Абу ел Хасан ел Мухајир.

Ова се случи во заедничка акција на курдските и американските трупи, на северот на Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП