27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Шведска итно и се потребни ИТ професионалци

На Шведска итно и се потребни ИТ професионалци

Во Шведска, како и во многу други земји во светот, во последниве години на пазарот на трудот има зголемена побарувачка на работници и професионалци во ИТ секторот, објави Anadolu повикувајќи се на шведските медиуми.

Работниците во тој сектор, можат да заработат 44.200 круни или 4.118 евра месечно.

Според податоците на Агенција за статистика на Шведска, жените во тој сектор во просек месчно заработуваат 43.600 круни (4.062 евра), а мажите 44.400 круни (4.136 евра).

Програмер е најбарана професија

ИТ професионалците кои имаат завршено и постдипломски студии можат да заработат до 4.920 евра месечно.

Порталот The Local пишува дека на шведската технолошка сцена и се потребни ИТ професионалци, а програмер е една од професиите кои во моментов се најбарани во таа држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП