24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТрамп го повика Apple затоа што од iPhone отстранија нешто што тој...

Трамп го повика Apple затоа што од iPhone отстранија нешто што тој го обожаваше

На претседателот на САД, Доналд Трамп, му недостасува копчето “Home” на неговиот нов iPhone, и поради тоа воопшто не е среќен.

А како би го изразил своето незадоволство, тој реши да го повика извршниот директор на Apple на Twitter.

Трамп напиша дека копчето Home е многу подобар избор од сегашното решение за кое Apple се одлучи.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1187861209942495234?ref_src=twsrc%5Etfw

Не е јасно што го предизвика овој напад на бес претседателот на најмоќната земја во светот, особено ако се земе предвид фактот дека Apple го отстрани копчето Home пред извесно време – иако е можно Трамп дури сега да се префрлил на некој понов iPhone модел.

Home копчето беше едно од карактеристиките на iPhone од кога беше претставена првата генерација во 2007 година.

Apple го отстрани со моделот iPhone X.

Според Reuters, Трамп користи службен iPhone, па можно е неодамна да добил нов модел без Home копче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП