27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Еврото нема да биде проблем

Меркел: Еврото нема да биде проблем

Angela Merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека ниту една земја нема да мора да ја напушти еврозоната, и покрај економската криза која го тресе 17-члениот монетарен блок.

Канцеларката за германските медиуми изјави дека, и покрај должничките проблеми и рецесијата во земјите на југот од еврозоната, ниту една од тие земји не мора да се откаже од еврото.

Меркел наведе дека е потребна поголема фискална дисциплина, сериозни фискални реформи и посилна конкурентност.

„Сите ние заедно станавме успешни и затоа ни е потребно единство во Европа. Германија ќе напредува само ако Европа напредува“.

Иако многумина ја обвинуваат за прекумерно инсистирање за буџетско штедење, Меркел застана во одбрана на ставот кој веќе долг период го застапува.

„Грција, Португалија и останатите земји се најдоа во позиција да ги соберат потребните средства поради високото ниво на јавниот долг. Бидејќи тоа претставуваше закана за еврозоната во целина, се согласивме да им помогнеме на тие земји под услов да го намалат буџетскиот дефицит, кој, всушност, ја предизвика и самата криза“, изјави таа.

„Штом земјите погодени од кризата ќе се вратат на патот на одржливите финансии, ќе биде неопходно да работат на конкурентноста и да промовираат одржлив економски раст и вработеност“, изјави Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП