8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото од воведувањето изгуби повеќе од 80 проценти во однос на златото

Еврото од воведувањето изгуби повеќе од 80 проценти во однос на златото

Еврото изгуби повеќе од 80 проценти од својата вредност, измерена во злато, од воведувањето во 1999 година, изјави во интервју за германски FAZ, Бернхард Метс, управител на имот во Bank für Kirche und Caritas.

Ова се должи на мерките на централната банка која спроведува екстремно слаба монетарна политика, па парите вредат помалку, а еврото е најекспонирано.

На 4 јануари 1999 година, за едно евро можеше да се добие 128 милиграми злато, а денес само 23 милиграми. Сличен е односот и спрема доларот, додека швајцарскиот франк изгуби две третини од вредноста.

Интересна е и споредбата со некои производи. Во 1906 година, на Октоберфест, чаша пиво чинела 0,38 марки или 0,14 грама злато, а на годинешниот фестивал на пиво во Минхен требаше да се издвојат 11,50 евра за пиво, или 0,26 грама злато, што е скоро двојно повеќе од пред 113 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП