3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот фонд на Норвешка достигна вредност од 1,09 трилиони долари

Државниот фонд на Норвешка достигна вредност од 1,09 трилиони долари

Вредноста на државниот фонд на Норвешка денес достигна рекордни 1,09 трлилиони долари по растот на глобалните акции и зајакнувањето на еврото и доларот.

Фондот достигна рекордна вредност во време кога администрацијата размислува за промена на стратегијата, вклучително начинот на борба против климатските промени и предложените големи инвестиции во САД.

Фондот е формиран во 1996 година поради штедењето на приходите од енергија за идните генерации, а порасна речиси три пати повеќе од годишниот бруто домашен производ на Норвешка.

Според најновите бројки на порталот на Фондот се гледа дека глобалната вредност на пензискиот фонд изнесува 10 трилиони норвешки круни или повеќе од 200.000 долари за секој маж, жена и дете во Норвешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП