8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАIFO: Неизвесноста околу Брегзит и понатаму ги плаши германските компании

IFO: Неизвесноста околу Брегзит и понатаму ги плаши германските компании

Германскиот економски институт IFO, прогнозира дека домашната економија малку ќе порасне во четвртиот квартал.

Сепак, од институтот додаваат дека сè уште постои голема неизвесност помеѓу лидерите на компаниите поради сè уште нерешената ситуација околу Брегзит.

Институтот, исто така, објави дека деловната клима помеѓу германските компании во октомври остана на исто ниво како и во септември, бидејќи економијата се стабилизира по забавување регистрирано на почетокот на оваа година.

Индексот на деловна клима во октомври остана на 94,6 поени, се вели во соопштението на институтот.

Во својата проценка на тековната деловна состојба, компаниите во октомври беа попесимистички настроени во однос на претходниот месец, но пооптимистични во поглед на перспективите за деловно работење во наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП