26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Без одлука колку долго би се одложил Брегзит

ЕУ: Без одлука колку долго би се одложил Брегзит

Европската унија не донесе одлука колку долго би го одложила Брегзит, а следниот состанок на ниво на амбасадори е во понеделник, според неименуван европски дипломат.

Претставниците од 27 земји членки на ЕУ не донесоа одлука во средата за продолжување на рокот за Брегзит, иако се согласија дека е потребно да се надмине ќор-сокакот кој беше создаден околу излегувањето на Британија од Унијата.

Британскиот премиер Борис Џонсон се согласи на договор со Брисел минатата недела, но британскиот парламент не го ратификуваше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП