10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина е најголем извозник на видео игри во светот

Кина е најголем извозник на видео игри во светот

Најголемите извозници на видео игри и уреди за видео игри се убедливо Кина, Хонг Конг и Јапонија.

На листата на десет најголеми извозници, која ја состави најголемата полска банка PKO Bank Polski, се наоѓаат уште и Полска, Германија, Соединетите Американски Држави, Шпанија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Словачка.

Извозот на Полска во областа на видео игри и уреди за видео игри во периодот 2013-2018 година се зголеми за дури 3.810 проценти, со што оваа земја се најде на четвртото место на оваа листа, веднаш зад Кина, Хонг Конг и Јапонија.

Вредноста на извозот на видео игри од Полска во 2018 година достигна 1,24 милијарди евра, односно 6,5 проценти од глобалниот износ.

Минатата година, извозот на Кина во секторот видео игри и уреди за видео игри изнесуваше дури 49,1 процент на глобално ниво, од кој земјата оствари приход од 9,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП