ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија на африканските земји им отпиша повеќе од 20 милијарди долари долгови

Русија на африканските земји им отпиша повеќе од 20 милијарди долари долгови

Официјална Москва отпиша повеќе од 20 милијарди долари долг кои африканските земји го акумулирале за време на советската ера, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Тоа не е само чин на дарежливост, туку е и манифестација на прагматизам, затоа што многу африкански земји не се во можност да плаќаат камата на овие заеми“, изјави Путин пред руско-африканскиот форум во Сочи.

Обраќајки се подоцна на учесниците во форумот, Путин повика трговијата меѓу Русија и африканските земји да се удвои во следните четири до пет години.

Првиот руско-африкански самит собра повеќе од 50 африкански лидери во Сочи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП