Додека се обидува да ја продаде зградата во Токио, „Sony“ во меѓувреме го продаде своето седиште во Сад кое се наоѓа во њујоршката авенија Медисон, по цена од 1,1 милијарди долари.
Зградата со 37 спратови е продадена на конзорциумот предводен од „The Chetrit Group“, но „Sony“ и понатаму ќе продолжи да работи во зградата, само што ќе им плаќа кирија на новите сопственици.
„Sony“ веќе одамна има проблеми и е во процес на реструктурирање кое вклучува и отпуштање на 10.000 работници.
Преку продажбата на зградата, „Sony“ планира ја зајакне својата финансиска позиција, како би осигурал средства за раст во иднина.