20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 26 отсто поевтинува стандардниот приклучок за електрична енергија

За 26 отсто поевтинува стандардниот приклучок за електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одбори новиот ценовник за стандардни приклучоци и новиот трошковник на ЕВН за електрична енергија со кој за 26 отсто се намалува цената за стандарден приклучок, воедно се проширува опфатот и опсегот на стандадни приклучоци за домаќинствата и за 60 отсто се намалува цената за одвојување на броило, како и за промена од монофазен во трофазен приклучок.

-Со новиот ценовник за стандадни приклучоци, цената ќе изнесува 370 евра што е намалување од 26 проценти, рече претседтелот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека досега цената изнесуваше 500 евра.

Со новите мрежни правила за дистрибуција, додаде, се зголемува опсегот и опфатот на домаќинствата кои ќе се стекнат со статус на стандарден приклучок.

-Најголем дел од домаќинствата отсега ќе потпаднат во опсегот на таканаречени стандардни приклучоци. На тој начин повеќе нема да има цена за стандарден приклучок од преку 2.000 евра за категории на граѓани кои живеат во подрачја каде не се донесени детални урбанистички планови, појасни Бислимоски.

За повеќе од 75 проценти, потенцира претседатлот на РКЕ, се намалува и трошокот за повторно приклучување на корисниците кои се исклучени поради ненавремено плаќање на сметките за електрична енергија.

-Тој трошок досега изнесуваше 1.740 денари или околу 2.500 денари за итно приклучување во текот на денот, а сега ќе изнесува околу 440 денари. Приклучувањето сега ќе биде во најбрз можен рок како што е наведено во мрежните правила за дистрибуција. На овој начин на најранливите категории на потрошувачи кои имаат проблем со плаќањето на сметките им овозможуваме своите трошоци за електрична енергија да ги плаќаат и да не се доведуваат во ситуација да даваат непотребно високи средства за повторен приклучок, посочи Бислимоски.

Со новиот ценовник што го донесовме, нагласи, кај домаќинствата кај кои ќе се врши одвојување на мерно место (броило) за што досега ЕВН наплаќаше по 500 евра, имајќи третман на стандарден приклучок, сега овој трошок ќе биде 200 евра што е намалување од 60 проценти.

Се намалува, додаде и цената за промена од монофазен во трофазен приклучок и наместо 500 евра како десега, ќе се наплаќа по 200 евра.

-Со новите мрежни правила за дистрибуција повеќе немада се користи правилникот за безбедносни растојанија од СФРЈ, туку има нови правила кои се малку и ригирозни, но имајќи ја во предвид безбедноста на граѓаните сметаме дека се неопходни, бидејќи една мала грешка може да биде со катастрофални последици и губење на животи, потенцира Бислимоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП