19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ја напушта ЕУ според договорот на Џонсон

Британија ја напушта ЕУ според договорот на Џонсон

Обединетото Кралство на крајот ќе ја напушти Европската унија под условите од договорот на премиерот Борис Џонсон за Брегзит, дури и ако парламентот ја „искомплицира постапката“ кога станува збор за излегување, изјави неименуван претставник на Downing Street.

„Ќе заминеме со договорот, договорот на премиерот“, изјави извор кој сакаше да остане анонимен, објави Reuters.

На прашањето кога ќе се случи Брегзит со оглед дека рокот е 31 октомври, овој извор изјави дека парламентот ја врати контролата над тоа прашање.

„Значи, дали ќе има избори пред Божиќ? Веројатно. Ќе видиме“, изјави изворот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП