25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Русија има повеќе нови трговски центри отколку на кое било друго...

Во Русија има повеќе нови трговски центри отколку на кое било друго место во Европа

Русија отвора повеќе трговски центри од која било друга земја во Европа, покажува истражувањето на фирмата за недвижнини Cushman and Wakefield.

Во првата половина од годината, во Русија се отворени околу 200.000 квадратни метри нови трговски центри, што е површина еквивалентна на 27 фудбалски игралишта или скоро четвртина од сите нови малопродажни комплекси во Европа, објави порталот Moscow Times.

На главниот град Москва отпаѓа дури 12 проценти од сите новоотворени малопродажни простори во Европа во текот на првата половина на 2019 година.

Бумот со трговските центри ќе продолжи до крајот на годината, според Cushman and Wakefield, бидејќи е планирано отварање на уште 1,4 милиони квадратни метри до крајот на годината и во 2020 година.

Новите објекти во 2020 година ќе бидат отворени во Екатеринбург, Перм, Грозни и Киров, наведува фирмата која се занимава со недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП