5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанка вработува луѓе со криминално досие

Банка вработува луѓе со криминално досие

Американската инвестициона банка JPMorgan покрена иницијатива во Чикаго за вработување на луѓе со криминално минато, во обид да им даде втора шанса на поранешните престапници.

Најголемата американска банка по обем на депозити се здружи со неколку непрофитни организации во Чикаго за обука и регрутирање на кандидати кои веројатно никогаш не сонувале да работат во банкарскиот сектор, мислејќи дека поради своето криминално досие нема да можат да работат во финансиски институции, објави Chicago Tribune.

Оваа иницијатива, која би можела да се прошири и во други градови, е дел од напорите на банката JPMorgan да се справи со високата стапка на невработеност помеѓу лицата со криминално досие.

Компаниите од другите сектори, како што е здравствениот сектор, исто така ја отворија вратата за поранешните осудени лица, меѓу кои стапката на невработеност е 27 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП