27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Одлука за неколку дена

Туск: Одлука за неколку дена

Лидерите на ЕУ ќе одлучат „во наредните денови“ дали да и дадат на Велика Британија уште еден продолжен рок за напуштање на Унијата.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој го изјави тоа, вооедно истакна дека нивната одлука зависи од развојот на ситуацијата во Лондон.

Одлуката за продолжување на рокот за Брегзит за три месеци, после 31 октомври „во голема мерка ќе зависи од тоа што британскиот парламент ќе одлучи, односно нема да одлучи“, изјави Туск.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера претрпе уште еден пораз, откако претседателот на Долниот дом на парламентот Џон Берков соопшти дека владата не може да бара од пратениците повторно да гласаат за договорот за Брегзит.

Џонсон ги повика пратениците оваа недела да го одобрат договорот за Брегзит, изјавувајќи дека ни тој, ни ЕУ ни јавноста не сакаат ново одложување за излегувањето на Велика Британија од Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП