20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп изгубил меѓу 2 и 5 милијарди долари од моментот кога станал...

Трамп изгубил меѓу 2 и 5 милијарди долари од моментот кога станал претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека можел да заработи помеѓу 2 и 5 милијарди американски долари за време на неговиот претседателски мандат.

„Да сум повторно во таа ситуација, би го сторил истото, бидејки на кого му е гајле, ако можете да си го дозволите тоа, тогаш не е важно“, рече Трамп пред новинарите.

Трамп беше вознемирен што мораше да се откаже од својот план за организирање на самит на Г7 во неговото одморалиште за голф “Trump National Doral” кај Мајами.

Републиканците и демократите остро го критикуваа неговиот план, при што последниот го обвини дека профитира преку претседателската функција.

Трамп ја отфрли, како што ја нарекува „наводна одредба за плата“, одредба во Уставот на САД која им забранува на претседателот и на пратениците да профитираат од своите функции.

Во најголем дел, децата на американскиот претседател го презедоа водењето на семејниот бизнис.

„Дали си изгубил две милијарди, пет милијарди или помалку, нема разлика. Не ми е гајле“, рече Трамп.

„Го правам ова за земјата. Го правам тоа за луѓето“, додаде тој.

Трамп изјави дека сега ќе ги разгледа другите локации за пречек на светските лидери на самитот на Г7.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП