18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДржавите од Балканот повторно во трка за фабриката на Volkswagen

Државите од Балканот повторно во трка за фабриката на Volkswagen

Србија, Хрватска, Бугарија и Романија повторно се најдоа во битка за инвестиција вредна повеќе од милијарда евра, колку што германскиот производител на автомобили Volkswagen планира за својата нова фабрика.

Станува збор за фабрика која Германците имаа намера да ја градат во Турција, но одлуката за тоа ја запреа поради турската воена офанзива во Сирија.

Volkswagen имаше намера во Турција да изгради нова фабрика во близина на Измир, а вредноста на таа инвестиција е проценета на 1,3 милијарди евра.

Германскиот автомобилски гигант планира во новата фабрика да произведува 300.000 возила годишно и да вработи 4.000 луѓе. Фабриката во Турција требаше да започне со производство на Passat и Skoda Superb во 2022. Volkswagen сака да го пренесе производството на тие брендови од Германија, односно Чешка, за во тамошните постројки да произведува електрични автомобили.

Штом Volkswagen објави дека ја одложува својата одлука за инвестиции во Турција, Србија, Романија и Бугарија започнаа лобирање за Германците да донесат нова одлука за локацијата на фабриката. Така, Бугарите објавија дека се подготвени да ја зголемат сумата на субвенцијата од првобитните 135 милиони евра на 260 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП