4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе се согласува со Трамп: „Договорот со Кина не мора да биде...

Не се согласува со Трамп: „Договорот со Кина не мора да биде потпишан во ноември“

Првичниот трговски договор помеѓу Соединетите Држави и Кина не мора да биде финализиран следниот месец, изјави американскиот министер за трговија Вилбур Рос.

Изјавата на Рос доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека би сакал да потпише трговски договор кога ќе се состане со кинескиот претседател Си Џинпинг на ноемврискиот самит на земјите во Азиско-пацифичката економска соработка (APEK), објави Reuters.

„Тоа мора да биде реален договор и тој не мора да биде во ноември. Поважно е, кога ќе дојдеме до тоа, тоа да биде соодветен договор“, изјави Рос во интервјуто за Fox Business Network.

Трамп на 11 октомври, по дводневните разговори меѓу кинеската и американската делегација во Вашингтон, објави дека Кина и САД ја достигнале првата фаза од трговскиот договор и дека со задоволство би го потпишал, кога во средината на ноември во Шангај ќе се сретне со кинескиот претседател на самитот на APEK.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП