19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoogle го налути Париз: „Франција и Германија мора да стават крај на...

Google го налути Париз: „Франција и Германија мора да стават крај на таквото незаконско однесување“

Франција се обидува да воспостави европски регулатор за дигиталните платформи како Google, за казнувања при можна злоупотреба на влијание.

Ова го изјави висок француски службеник, наведувајќи го пример спорот со американска компанија околу европскиот закон за заштита на интелектуална сопственост.

Google минатиот месец објави дека на записите од резултатите од пребарувањето за корисниците во Франција веќе нема да се прикажуваат кратки информативни видео записи од европски издавачи. Одлуката ја образложи како усогласување со европскиот закон за заштита на интелектуална сопственост, но неговиот потег го налути Париз.

„Големата американска компанија, станува збор за Google, објави дека нема да ги усогласи своите активности со директивата на Европската Унија за заштита на интелектуалната сопственост”, изјави француски претставник.

„Франција и Германија го делат ставот дека мора да ставиме крај на таквото незаконско однесување“, додаде тој.

Париз најавува дека од новата Европска комисија ќе побара посебен статус за дигиталните платформи, заснован на модел дизајниран за банкарскиот сектор. Тоа би значело дека големите компании, како Google, ќе бидат прогласени за „системски важни“ и ќе подлежат на соодветно, построго регулирање.

Регулаторот на компаниите би можел да воведе санкции и парични казни, додаде францускиот официјален претставник, наведувајќи детали за иницијативата која претседателот Емануел Макрон ја започна оваа година.

„На краток рок, би сакале Европската комисија да разгледа дали има основи за покренување правно дејствие против Google“, истакна тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП