20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите Кинези бројчано ги надминаа Американците

Богатите Кинези бројчано ги надминаа Американците

Бројот на богати Кинези за прв пат го надмина бројот на богати Американци, иако двете држави продолжуваат да „произведуваат“ сè повеќе милионери, според истражувањето на швајцарската банка Credit Suisse.

Годишниот “извештај за глобалното богатство” на Credit Suisse покажа дека до средината на тековната година 100 милиони Кинези се рангирани во првите десет проценти најбогати во светот, наспроти 99 милиони лица во САД, објави Reuters.

„И покрај трговските тензии меѓу Соединетите држави и Кина во текот на изминатите 12 месеци, двете држави остварија силни резултати во зголемувањето на богатството, со придонеси од 3.800 милијарди долари и 1.900 милијарди долари, соодветно“, изјави Нанет Хeшлер-Фајдерб, шеф на Credit Suisse одделот за економија и истражување.

Бројот на милионери во светот од средината на 2018 до средината на 2019 година се зголеми за 1,1 милиони на 46,8 милиони, кои заедно поседуваат нето средства 158,3 трилиони долари, што е 44 проценти од вкупното глобално богатство, покажаа резултатите од студијата.

Од 1,1 милиони нови милионери, дури 675.000, значи повеќе од половината доаѓаат од САД.

Во исто време, бројот на милионери во Австралија е намален за 124.000, во Британија за 27.000, а во Турција за 24.000.

Во извештајот се заклучува дека 55.920 возрасни лица имаат богатство од најмалку 100 милиони долари, додека 4.830 лица имаат нето средства во вредност од над 500 милиони долари.

Се предвидува и дека глобалното богатство, кое е зголемено за 2,6 проценти во текот на изминатата година, да порасне за 27 проценти во текот на следните пет години, на 459 трилиони долари до 2024 година.

Бројот на милионери, исто така, ќе се зголеми во тој период, на скоро 63 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП