8 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуската министерка: Велика Британија и понатаму може да ја напушти ЕУ во...

Француската министерка: Велика Британија и понатаму може да ја напушти ЕУ во рок од 10 дена

Велика Британија и понатаму може да ја напушти Европската унија во рок од 10 дена, изјави денеска француската министерка за економски прашања Агнес Панија-Рунад.

„Не може да се исклучи Брегзит во рок од 10 дена“, изјави Агнес за Sud Radio, оценувајќи дека е постигнат општ напредок.

Истакна и дека многу малите француски компании, сепак треба да се подготват во случај на Брегзит без договор, објави Reuters.

Британската влада инсистира земјата да ја напушти Европската унија на 31 октомври, и покрај писмото што премиерот Борис Џонсон беше приморен да го испрати на барање од парламентот во кое од Брисел се бара да го одложи Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар