7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците буквално ловат здравствени работници на улица: Хрватска наскоро ќе остане без...

Германците буквално ловат здравствени работници на улица: Хрватска наскоро ќе остане без лекари

Претставниците на националната германска агенција во центарот на Загреб примале хрватски здравствени работници и им нуделе работни места.

„Тие ќе започнуваат со плата која зависи од регионот во Германија, болницата или видот на клиниката. Се работи за плати од 3.000 евра бруто, а потоа се зголемуваат секоја година со текот на квалификациите и специјализациите. Тие бараат сè, од физиотерапевти, фармацевти до лекари “, пишува Dnevnik.hr.

На саемот привлекувале и млади лекари кои штотуку завршиле со факултетот. Работни места се нудат и во Холандија каде се бараат медицински сестри.

„Постојат седум нивоа на нега во Холандија. Се  започнува од трето ниво со плата од 1.900 евра. Кога ќе се достигне четврти степен, платата изнесува 2.600 евра“, открива Сара Рончеро од Холандија.

Кога ќе се пресмета, платите во странство се три до пет пати повисоки отколку во Хрватска, што е потврдено од техничарите кои веќе работат во странство.

Тие забележуваат дека платата не е единствениот позитивен фактор.

„Да почнеме со смените, во Хрватска има 12-часовни смени, кои со големиот број прекувремени часови, самите по себе стануваат уште понапорни. Смените тука се осумчасовни “, забележува Томислав Ваљетиќ, медицински техничар, кој се преселил во Берлин пред шест години.

Податоците на Хрватската медицинска комора потврдуваат дека медицинскиот персонал страда. Во моментов, 1.795 лекари во Хрватска се подготвуваат да ја напуштат земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП