3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛибан планира да наплаќа за телефонски повици преку интернет

Либан планира да наплаќа за телефонски повици преку интернет

Либан е првата земја каде бесплатните интернет повици веќе нема да бидат бесплатни. Тие усвоија предлог да се наплатува такса во износ од 20 центи дневно, за бесплатни разговори направени преку VoIP софтвер и услуги. Тоа значи дека FaceTime, WhatsApp и другите бесплатни услуги за разговор преку интернет, во суштина нема повеќе да бидат бесплатни.

Причината за оваа одлука е што либанската влада верува дека на овој начин ќе обезбеди дополнителен прилив во износ од околу 200 милиони долари годишно.

За возврат, либанскиот министер за телекомуникации изјави дека на либанските граѓани ќе им понуди нешто, но не откри што.

Ова не е голема предност за странците кои во Либан ќе поминат неколку дена, но луѓето кои редовно ја користат оваа форма на комуникација тоа ќе ги чини 73 долари годишно. Ако се прашувате како ќе се изврши, доволно е да кажете дека во Либан има многу малку даватели на услуги преку кои може да се оствари VoIP повик и повеќето се во сопственост на државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП