Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,903.09 0%    GRNT 951.88 -0.54%    KMB 5,999.03 0.13%    MPT 65,000.00 0.04%    OKTA 3,153.00 0%    RZUS 50.00 0%    SBT 2,600.00 8.29%    STB 1,070.00 1.42%    STIL 77.00 -1.28%    TEL 320.00 0%    TNB 16,350.00 -0.61%    TTK 1,282.00 9.57%    

Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

Време: 12:11

Датум: октомври 19, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, оствари низа важни состаноци со високи претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и организации.

Како што соопшти Народната банка на дел од одржаните состаноци, опстојно се разговараше и за продлабочување и развивање на соработката меѓу нашата Банка и дел од овие институции и организации, меѓу другото и преку спроведување нови значајни проекти и редица други заеднички активности, вклучително и во сферата на истражувачка активност.

На состанокот со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Андре Мекдовел се дискутираше и за остварувањето на зацртаното во меморандумот за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на Анкетата за кредитната активност за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ). Во овој проект на ЕИБ, нашата централна банка се вклучи оваа година. Преку него, на полугодишно ниво, ние имаме можност состојбите со кредитната активност кај нас да ги согледаме и компаративно, во рамки на ЦИЈЕ, се наведува во соопштението.

Се очекува дека следната година, ЕИБ да биде коорганизатор на традиционалната Истражувачка конференција на Народната банка.

– Како што беше кажано во Вашингтон, нашата централна банка веќе успеа оваа конференција да биде еден од најреферентните собири на истражувачи од централните банки на повеќе земји од Европа, се потенцира во соопштението.

На средбите на делегацијата со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, како со извршниот директор на СБ за Конституенцата во којашто членува нашава земја, Кун Дависе, се говорело за економскиот развој во Северна Македонија и за извршувањето на планираното портфолио со СБ, како и за финансискиот и банкарскиот систем и воопшто за финансиската стабилност кај нас.

– Притоа беше истакнат напредокот на Народната банка во јакнењето на финансиската стабилност и во воспоставувањето соодветна макропрудентната рамка, како и во унапредувањето на анализите и на следењето на системските ризици, согласно со највисоките меѓународни стандарди, се додава во соопштението.

Со високите претставници на СБ, гувернерката Ангеловска-Бежоска подетално дискутирала и за можностите за натамошно користење на техничка и советодавна помош за нашата централна банка, нагласувајќи дека досега постигнатите резултати се гаранција пред меѓународните институции и организации дека сме подготвени за совладување на предизвиците за уште подинамично унапредување на централнобанкарското работење кај нас.

– Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии присуствуваа и на Годишниот пленарен состанок на ММФ и СБ. Тие активно учествуваа и на состанокот на Холандско-белгиската конституенца одржан во рамки на Средбите во Вашингтон, на којшто се дискутираше за очекуваните идни стратешки пристапи и проекти за земјите-членки. Во текот на претстојниот ден, делегацијата ќе оствари одделни состаноци и со повеќе високи претставници на ММФ, се наведува во соопштението на Народната банка.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Британците инвестираат 705 милиони фунти во граничната инфраструктура

    Британците инвестираат 705 милиони фунти во граничната инфраструктура

    Велика Британија ќе инвестира 705 милиони фунти во инфраструктурата на границите со цел да ја продолжи трговијата со ЕУ, бидејќи договорот за транзициониот период по…

  • ЕУ: Нова стратегија за опоравување

    ЕУ: Нова стратегија за опоравување

    Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел го претстави предлогот на стратегијата за закрепнување на Европската унија. Оваа стратегија предвидува 1,0743 трилиони евра за заеднички буџет…

  • Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

    Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

    Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во…

  • Цените на акциите на азиските берзи достигнуваат рекордно нивоа

    Цените на акциите на азиските берзи достигнуваат рекордно нивоа

    Цените на акциите на азиските берзи денес достигнаа највисоко ниво во последните пет месеци, затоа што инвеститорите очекуваат дека деловните резултати на американските компании, чие…

  • Клоп: Уште 4 години во Ливерпул, па потоа одмор цела година!

    Клоп: Уште 4 години во Ливерпул, па потоа одмор цела година!

    Тренерот на Ливерпул, германскиот стратег Јирген Клоп потврди дека уште неколку сезони ќе биде на чело на клубот од „Енфилд“. „Што се однесува до плановите…

  • Путин: Мерките за економско закрепнување треба да бидат интегрирани во националните проекти

    Путин: Мерките за економско закрепнување треба да бидат интегрирани во националните проекти

    Мерките на националниот план за економско закрепнување треба да бидат интегрирани во националните проекти, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин. Предлагам мерките од тој план…

  • Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани

    Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани

    Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи што е 99,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани. Како што соопшти Државниот завод за…

  • Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

    Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

    Од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР…

  • Рекордно мал број на луѓе во ЕУ започнале со работа во првиот квартал (ИНФОГРАФИК)

    Рекордно мал број на луѓе во ЕУ започнале со работа во првиот квартал (ИНФОГРАФИК)

    Податоците на Европската канцеларија за статистика „Евростат“ покажуваат дека рекорден мал број на луѓе во Европската унија (ЕУ) започнале да работат во првиот квартал од…

  • Нова теорија на заговор: Во маски за лице скриена 5G антена

    Нова теорија на заговор: Во маски за лице скриена 5G антена

    Теориите на заговор кои се шират низ целиот свет се прилично луди, но се чини дека во последно време се интензивираат со порастот на глобалната…