29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБаркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

Баркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

Британскиот министер задолжен за излегување на Велика Британија од Европската унија, Стивен Баркли изјави денеска дека не се согласува со оценката на гувернерот на Банката на Англија дека договорот што премиерот Борис Џонсон го постигна со Брисел за Брегзит е полош за економијата од оној што го постигна неговата претходничка Тереза Меј.

Баркли за Би-Би-Си рече дека тој договор и овозможува на Велика Британија да го одблокира постигнувањето договори со другите земји и го решава клучното прашање на односите на британските покраини Северна Ирска и Република Ирска, членки на ЕУ.

На прашањето зошто Владата не објавила анализа за последиците од постигнатиот договор, Баркли одговори дека тој е постигнат во четвртокот и немало доволно време.

– Имавме само два дена, рече Баркли.

Тој додаде дека преодниот период нема да биде продолжен по декември 2020 година.

Британскиот Парламент денеска ќе гласа за договорот за Брегзит, што премиерот Џонсон го постигна со Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП