26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе трае 20 часа. Авионот би требало да слета во Сиднеј в недела наутро.

Авионот „боинг 787-9“ со 40 патници ќе прелета 16.000 километри без слетувања и дополнување гориво, а екипажот и патниците пред летот морале да поминат посебни ментални и физички тестови за издржливост.

На првиот од планираните три пробни летови, научниците ќе го следат влијанието на 20-часовниот лет врз патниците.

Австралискиот национален превозник „Квантас“ планира оваа година да реализира уште два вакви лета.

Бројот на патници на летот од Њујорк до Сиднеј е ограничен за да се минимализира потрошувачката на гориво и да овозможи авионот да прелета 16.000 километри без полнење.

Научниците од два австралиски универзитети се во леталото за да го следат образецот на спиење на патниците, границата на нивната издржливост и исхраната. Пилотите носат уреди за следење на нивната мозочна активност и будност.

Со оглед на временската разлика од 15 часа меѓу Њујорк и Сиднеј, научниците ќе го следат и влијанието на преминувањето низ временски зони врз патниците.

Досега рекордот за најдолг лет го држеше компанијата „Сингапур ерлајнс“ од Сингапур до Њујорк кој траеше 17 часа и 52 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП