3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street и европските берзи ja завршуваат неделата "во црвено"

Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата “во црвено”

Акциите на Wall Street паднаа поради загубите на технолошките компании, но пазарот се уште е на добар пат да прокнижи втора недела на добивки поради подобрите деловни резултати од очекуваните.

Инвеститорите, исто така, ги разгледуваат најновите глобални економски податоци кои покажаа дека економскиот раст на Кина е забавен на нов повеќедецениски минимум, пренесува агенцијата AP.

Индустрискиот индекс Dow Jones падна за 97 поени или 0,4 проценти, поширокиот S&P 500 за 0,3 проценти, а технолошкиот Nasdaq за 0,5 проценти.

Повеќе од 70 компании, чии акции котираат во рамките на индексот S&P 500, објави оваа недела деловни резултати за третиот квартал. Од тие компании, дури 81 процент пријавија подобри резултати од очекуваните, покажуваат податоците на FactSet.

Во Европа, акциите денес се во пад. Индексот Euro Stoxx 50 падна за 0,32 проценти, лондонскиот FTSE 100 за 0,35 проценти, германски DAX за 0,18 проценти, францускиот CAC 40 за 0,68 проценти, а шпански IBEX 35 за 0,15 проценти, објави њујоршката агенција Bloomberg.

Во Азија, јапонскиот индекс  Nikkei 225 се зголеми за 0,18 проценти, додека хонкошки Hang Seng падна за 0,48 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП