29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го возвраќа ударот на Америка: "Не ни оставате друга опција"

ЕУ го возвраќа ударот на Америка: “Не ни оставате друга опција”

Европската комисија објави денеска дека планира да воведе реципрочни мерки како одговор на тарифите на САД кои се воведени поради субвенционирање на Airbus.

„Жалиме за одлуката на САД за воведување тарифи. Тој чекор не ни остава друга опција освен да воведеме сопствени тарифи во случајот Boeing, каде САД ги кршат правилата на Светската трговска организација“, изјави европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром.

Таа предупреди дека тарифите не се „на никој во долгорочен интерес“.

Додаде и дека, бидејќи за двете страни е утврдено дека ги кршеле правилата на СТО, предлогот на ЕУ „за јасно дефинирани постојни субвенции за авио индустријата и идната поддршка за тој важен сектор и понатаму е на маса“.

Претходно, на сила стапија 7,5 милијарди значајни тарифи од САД за европската стока.

Официјален Вашингтон го објави воведувањето на тие тарифи на 2 октомври, откако СТО пресуди дека ЕУ незаконски го субвенционирала Airbus.

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц ја повика ЕУ да „остане смирена“, откако Брисел ги најави реципрочните тарифи на Соединетите држави. Тој истакна дека ЕУ треба да се обиде да избегне понатамошна ескалација на трговскиот конфликт со САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП