Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,034.23 -0.2%    GRNT 1,010.85 0.08%    KMB 5,988.47 0.36%    MTUR 5,376.92 0.5%    PPIV 39,100.00 0.26%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,160.00 0%    TETE 2,350.00 2.17%    TNB 16,400.00 0.03%    TTK 1,503.00 2.95%    

Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

Време: 13:38

Датум: октомври 18, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10 милиони ќе бидат грант средства од ЕИБ. Со овој проект ќе се изгради и операционализира станица за третман на отпадни води, која ќе опслужува преку 650.000 жители од град Скопје. Финансирањето на овој крупен инфраструктурен проект, како и неколку други идни проекти беа дискутирани на средбата помеѓу делегацијата предводена од министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и потпретседателот на ЕИБ Ендру МекДауел, за време на Годишните средби на групацијата Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кои се одржуваат во Вашингтон.

Министерката за финансии Ангеловска истакна дека ЕИБ е посветен партнер во развојот на земјата, со тековно инвестициско портфолио од 185 милиони евра во јавниот сектор. Таа посочи дека ЕИБ инвестира во проекти кои го забрзуваат економскиот раст во земјава, преку поддршка на секторот на мали и средни претпријатија, но и инвестирање во крупни инфраструктурни проекти.

Вкупната вредност на Проектот за изградба на Пречистителна станица Скопје е 136 милиони евра, од кои остатокот ќе се обезбедат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Се очекува договорите со меѓународните финансиски институции за финансирање на Пречистителна станица за отпадни води Скопје да се потпишат до крајот на годинава.

На состанокот беше зборувано и за одобрување на дополнителни 50 милиони евра за Проектот за водоснабдување и одведување отпадни води во општините во Република Северна Македонија, како резултат на успешно спроведување на тековниот проект, чија вредност е 50 милиони евра.

Од страна на ЕИБ беше изразена и подготвеност за финансирање на третата делница на железничката пруга на Коридорот VIII, односно од Крива Паланка до Деве Баир. Делницата е во должина од 23,4 километри, а во финансирањето на истата освен ЕИБ би учествувале и ЕБОР, а исто така би се искористиле и средства од ИПА фондовите. 

Од страна на МекДауел беше изразено задоволство од реализацијата кредитната линија за мали и средни претпријатија во висина од 100 милиони евра, од која досега се повлечени 44 милиони евра евтини кредити.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Преку алатка за споредување на цените на електричната енергија до пониски трошоци за струја за фирмите

    Преку алатка за споредување на цените на електричната енергија до пониски трошоци за струја за фирмите

    На потрошувачите од денеска им е достапна веб платформата Switch.mk на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на која може да направат споредби на дополнителните понуди…

  • Половина милион нови баратели на азил во ЕУ во 2019 година

    Половина милион нови баратели на азил во ЕУ во 2019 година

    Повеќе од 515 илјади барања за азил биле доставени до земјите-членки на ЕУ во текот на првите девет месеци од тековната година, скоро 10% повеќе…

  • Регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во регионот Западен Балкан – прашања, решенија и финансирање

    Регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во регионот Западен Балкан – прашања, решенија и финансирање

    Претставници на владите на Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина (БИХ) и на Србија се состанаа денес во Скопје на регионалната конференција за Управување со…

  • Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

    Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

    Оваа среда (20.11.2019) во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, а поддржана од EOS Матрикс и Тиквеш, се одржа конференцијата Европски ден…

  • Франција даде зелено светло за Протоколот за НАТО

    Франција даде зелено светло за Протоколот за НАТО

    Француското национално собрание денеска на пленарна сесија го изгласа законот за ратификација на Протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО, јавува дописникот на МИА.…

  • Германците со нови правила удрија по системот на Apple за мобилни плаќања

    Германците со нови правила удрија по системот на Apple за мобилни плаќања

    Германија донесе ново законодавство кое ќе го присили Apple да го отвори својот мобилен платен систем на ривалите даватели на услуги. Банките во Германија и соседна…

  • Средба на министерката Ангеловска со вториот човек на ММФ Тао Жанг: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

    Средба на министерката Ангеловска со вториот човек на ММФ Тао Жанг: Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

    Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето…

  • Уникатен спектакл со дронови во кинескиот град Нанчанг(видео)

    Уникатен спектакл со дронови во кинескиот град Нанчанг(видео)

    Организаторите на саемот за авијација во кинескиот град Нанчанг на посетителите им подарија уникатен спектакл … Бидејќи тие стануваат се повеќе распространети последниве години и…

  • Сончево со умерена облачност

    Сончево со умерена облачност

    Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се движи од нула до 10 степени, а…

  • Путин: “Уште земји би можеле да ја напуштат ЕУ”

    Путин: “Уште земји би можеле да ја напуштат ЕУ”

    Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е можно некои источноевропски земји да размислуваат за излегување од ЕУ во наредните неколку години. Путин тоа го изјави…