29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на...

Словенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на 25 евра

Во Словенија од денес лимитот за еднократни плаќања со бесконтактните картички Maestro, Mastercard i Visa се зголемува од 15 на 25 евра.

POS терминалот на продажно место повеќе нема да бара внесување на пин за плаќање до 24,99 евра.

Меѓутоа, внесување на пин ќе биде потребен за потврда на бесконтактни плаќања над 25 евра (или директно за бесконтактни плаќања под 25 евра, доколку тоа го бара POS терминалот).

NLB банка информираше дека и покрај едноставното плаќање, не е можно неовластено скенирање на податоците од картичките. Преносот на податоци помеѓу безконтактната картичка и POS терминалот е кодиран со т.н. динамични криптограми кои се единствени за секоја трансакција. Покрај тоа, при плаќање со картичка на POS терминал би требало да се приближи на помалку од два сантиметри, предупредуваат од банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП