29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

Италијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

Премиерот на Италија, Џузепе Конте вети „супер бонус“ на секој кој ќе се префрли од готовина на плаќање со картички.

Тоа е дел од напорите на неговата влада да се намали избегнувањето на даноците.

Мерката е дел од пакетот која ја одобри италијанската влада, а која вклучува и предлог буџет за 2020 година, кој е поднесен на одобрување од властите на ЕУ.

Конте изјави дека планот, наречен „Безготовинска Италија“, ќе ја поттикне употребата на електронскиот начин на плаќање и на тој начин ќе ја намали сивата економија.

Италијанската влада во соопштението наведе дека „супер бонусот“ ќе биде дистрибуиран во почетокот на 2021 година на луѓето кои користеле е-плаќања во секторите економија во кои готовината обично не се користи.

„Покрај тоа, ќе има лотарии и специјални награди поврзани со електронските плаќања, но и казни за трговците и бизнисите кои одбиваат да користат кредитни картички“, се вели во соопштението.

Во Италија, малите бизниси како што се механичарски или водоинсталатерски, често нудат попусти на клиенти кои плаќаат во готово, а за возврат не издаваат сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП