26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанцеларката бара "попуст": Германија ќе биде „несразмерно оптоварена“ со зголемувањето на буџетот...

Канцеларката бара “попуст”: Германија ќе биде „несразмерно оптоварена“ со зголемувањето на буџетот на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека Европската унија треба да го разгледа потенцијалниот „попуст“ за Германија, како дел од преговорите за буџетот на ЕУ.

Таа верува дека Германија ќе биде „несразмерно оптоварена“ со зголемување на буџетот на европскиот блок.

Зголемувањето на буџетот на Европската Унија на еден процент од бруто-домашниот производ од тој блок, без придонес на Британија, во иднина би ја оптоварила Германија, им порача Меркел на пратеници во долниот дом на германскиот парламент пред почетокот на самитот на ЕУ, пренесува агенцијата Reuters.

„Затоа мора да разговараме за правична распределба на товарот на страната на финансирањето, како и за попустот за Германија“, истакна канцеларката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП