17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадот-држава воведува комерцијална 5G мрежа до крајот на следната година

Градот-држава воведува комерцијална 5G мрежа до крајот на следната година

Сингапур ќе воведе комерцијални 5G услуги од следната година бидејќи земјата сака да постави „’рбет на својата дигитална економија“.

Toa денеска го изјави министерот за комуникации и информации на Сингапур, С. Исваран, а објави CNBC.

Регулаторот за телекомуникации во Сингапур, Info-communications Media (IMDA) објави денеска дека најмалку 50 проценти од површината на тој град-држава ќе биде покриен со независна 5G мрежа до крајот на 2020 година.

Терминот независна мрежа се користи за инфраструктура дизајнирана за користeње 5G технологија и е потребна за развој на нови апликации за паметни фабрики, автономни возила и т.н. „интернет нешта“.

Се верува дека ќе биде поефикасна од почетниот бран на 5G мрежи кои се развиени со употреба на постојната 4G инфраструктура, па затоа е наречена независна 5G мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП