19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП по глава на жител: Црногорците најбогати во регионот, каде е нашата...

БДП по глава на жител: Црногорците најбогати во регионот, каде е нашата земја

Црна Гора номинално има најнизок бруто-домашен производ (БДП) во регионот, но кога е поделен по население, со исклучок на членките на ЕУ, Словенија и Хрватска, е најголем во регионот.

Имено, според најновите податоци од Меѓународниот монетарен фонд (IMF), БДП на Црна Гора е во вредност од 5,44 милијарди долари или 8,71 илјади долари по жител.

Далеку е Хрватска, чиј БДП по глава на жител е 15,06 илјади американски долари и Словенија со дури 26,62 илјади, пренесува Investitor.

Иако номинално е четири пати поголем од Црногорскиот, српскиот БДП по глава на жител е 13,5 проценти понизок и изнесува 7,53 илјади американски долари по жител. Вкупниот БДП на Србија (52,42 милијарди американски долари) е скоро десет пати поголем од Црна Гора, но затоа има многу поголемо население на кое се дели.

Следна на списокот е Северна Македонија со 12,88 милијарди американски долари БДП или 6,2 илјади американски долари по глава на жител, по што следува Босна и Херцеговина со БДП од 20,15 милијарди американски долари или 5,75 илјади по жител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП