8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа апаратите за домаќинство ќе ја продолжат гаранцијата и до десет години

На апаратите за домаќинство ќе ја продолжат гаранцијата и до десет години

Новите стандарди кои ги ратификуваше Европската комисија, а според кои од производителите ќе бараат подолг рок на траење на уредите за домаќинства, како и гаранција за набавка на резервни делови, ќе се рефлектираат и на пазарот во регионот, велат експертите.

Како што објавија европските медиуми, новото законодавство, кое ќе се применува од 2021 година, ќе се однесува на осветлување, машини за перење, машини за миење садови и фрижидери, а се потенцира дека гаранцијата за овие производи ќе биде продолжена на дури десет години.

Кога станува збор за делот од регулативата кој се однесува на тоа дека производителите на уредите за домаќинства мораат да произведуваат делови кои ќе им бидат достапни на професионалните сервисери, тој дел е особено важен за заштита на животната средина.

Со регулативата се предвидува и дека производот мора да биде ист за секој пазар, што не секогаш е случај и за регионов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП