28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуски претставник: Договорот за Брегзит на дофат на рака, но сè уште...

Француски претставник: Договорот за Брегзит на дофат на рака, но сè уште не е загарантиран

Договорот за излез на Велика Британија од членството во Европската Унија е на дофат, но сè уште ништо не е загарантирано, изјави денеска францускиот државен секретар за европски и надворешни работи Жан-Батист Лемоан, неколку часа пред почетокот на дводневниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел.

„Се чини дека договорот е на дофат на рака, но сè уште не е загарантирано. Се надеваме дека ќе биде одлично ако договорот се постигне во наредните часови“, изјави Лемоан.

Преговарачот на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, изјави доцна синоќа дека е постигнат добар напредок во преговорите и додаде дека „продолжува работата“ за постигнување договор.

Во Брисел денеска започнува дводневниот самит на ЕУ, на кои една од главните теми е Брегзит предвиден за 31 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП