25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Eврозоната во септември падна на 0,8 проценти

Инфлацијата во Eврозоната во септември падна на 0,8 проценти

Годишната инфлација во Eврозоната во септември изнесува 0,8 проценти, објави Eurostat.

Toa е намалување од 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

Храната, алкохолот и тутунот имаат најголем раст на цените во септември од 1,6 проценти, помалку во однос на претходниот месец кога изнесуваше 2,1 процент.

Цените на услугите пораснаа за 1,5 проценти, 0,2 проценти повеќе во однос на претходниот месец, додека цената на неенергетските индустриски производи се зголеми за 0,2 проценти.

Од друга страна, цените на енергијата паднаа за 1,8 проценти во септември во однос на август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП