23 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ минатата ноќ без успех во преговорите за Брегзит

И минатата ноќ без успех во преговорите за Брегзит

Европските и британските преговарачи не успеаа да остварат напредок во преговорите за Брегзит во текот на целоноќните разговори и ќе продолжат да бараат компромис пред утрешниот самит на ЕУ.

Еден претставник на ЕУ изјави дека „разговорите траеле до длабоко во ноќта и дека ќе продолжат и денес“.

Двете страни се надеваа дека по повеќе од три години разговори, лажни достигнувања и ненадејни пресврти можно е да се изготви договор за уредниот излез на Велика Британија од ЕУ.

Утрешниот самит на ЕУ се одржува само две недели пред планираниот датум за Брегзит, 31 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар