27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВе мачи синусна инфекција? Овие се најдобрите народни лекови

Ве мачи синусна инфекција? Овие се најдобрите народни лекови

Издвоивме неколку народни лекови со кои на природен начин ќе лечите синусна инфекција.

Јаболков оцет – Во текот на денот пијте јаболков оцет кој треба да се промешува во голема чаша вода. Тој го разредува слузот.

Ѓумбир – Ѓумбирот е познато средство за ублажување и спречување на главоболка. Тој освен тоа е антиинфламаторен лек кој ја ублажува болката. Можете да го употребувате во форма на тинктура или капсула.

Сладунец – Сладок корен т.е. сладунец помага при ублажување на воспалението и го стимулира имунолошкиот систем да се бори против вирусни инфекции.

Еукалиптус – Еукалиптус го ублажува болното грло. Тој исто така има антисептички својства и може да помогне во намалувањето на отеченото ткиво во синусните премини.

Маточина – Маточина е одлично средство за борба со вируси и бактерии. Потопете ги исушените лисја во врела вода, оставете 10 минути, а потоа процедете. Чајот пијте го топол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП