6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобрани повеќе од 920 милиони евра за реконструкција на катедралата Нотр Дам

Собрани повеќе од 920 милиони евра за реконструкција на катедралата Нотр Дам

Францускиот министер за култура Франк Риестер изјави дека шест месеци по пожарот кој значително ја оштети средновековната катедрала Нотр Дам, собрани се и ветените 922 милиони евра за нејзина реконструкција.

„Донатори уплатиле 104 милиони евра, а вкупно има 350.000 донатори“, изјави Риестер на новинарите и додаде дека е премногу рано да се каже дали собраните пари ќе бидат доволни за обнова на катедралата, но државата ќе преземе одговорност реконструкцијата да биде завршена.

Три фондации се задолжени за собирање пари за обнова на катедралата – Фондацијата за наследство, фондацијата Норт Дам и Француската фондација, а со нив и Националниот центар за споменици.

Катедралата Нотр Дам, средновековна зграда на готска архитектура во срцето на Париз кај реката Сена, на 15 април беше погодена од огромен пожар кој беше изгаснат по неколку часа. Пожарот најпрво го зафатил поткровјето, дел од покривот и ја сруши кулата висока 93 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП