20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо пресрет на Брегзит: Секоја трета британска компанија во автомобилскиот сектор укинува...

Во пресрет на Брегзит: Секоја трета британска компанија во автомобилскиот сектор укинува работни места

Секоја трета компанија во британскиот автомобилски сектор започна со укинување на работни места во пресрет на Брегзит.

Тоа е пораст во однос на секоја осма компанија од пред нешто помалку од една година.

Тоа го покажа истражувањето на британското здружение на производители и трговци со моторни возила (SMMT).

Осумдесет проценти од компаниите стравуваат дека излегувањето на Британија од Европската унија ќе им наштети на нивните деловни изгледи во иднина, а скоро две третини тврдат дека нема да бидат во состојба да инвестираат во својот британски бизнис.

„Секој ден од неисполнување на договорот носи можност од уште еден ден изгубени инвестиции,  уште еден ден кој го отежнува враќањето на довербата на инвеститорите во Обединетото Кралство“, изјави шефот на SMMT, Мајк Хозе.

Додава дека, засега штетата не е неповратна. Но, ни треба договор“, порача тој, и додавајќи дека на долг рок на автомобилската индустрија и е потребна непречена трговија со ЕУ.

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно изјави дека е подготвен на 31 октомври да ја изнесе Британија од ЕУ без договор, иако парламентарците донесоа закон со кој ќе се присили Џонсон да побара одложување на излегувањето на Британија од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП