29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на свинското месо во Кина скокна речиси 70 проценти

Цената на свинското месо во Кина скокна речиси 70 проценти

Цената на свинското месо во Кина во текот на септември скокна дури за 69,3 проценти во однос на минатата година, објави CNBC.

Најнаселената земја во светот се соочува со недостиг од свинско месо по појавата на епидемија на африканска свинска треска.

Минатиот месец порастот на цените на свинското месо беше поголем во однос на скокот од 46,7 проценти забележан во август, според податоците на кинескиот Национален завод за статистика.

Тоа ги зголеми цените на храната за 11,2 проценти во септември, забрзувајќи го растот на цените кој минатиот месец изнесуваше 10 проценти.

Порастот на цените на свинско месо е главната причина за целокупниот пораст на цените на потрошувачките производи во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП